Thermo Scientific™ Nicolet™ iS50 FTIR спектрометар, заблагодарение на наменски изработените модули и интегрираниот софтвер, претставува сеопфатен работен алат за анализа на материјали кој овозможува лесно решавање на аналитичките предизвици. Дизајниран да биде исклучително флексибилен – Thermo Scientific Nicolet iS50 FTIR спектрометарот може да се надогради од едноставна FTIR оптичка клупа до целосно автоматизиран систем со повеќе спектрални опсези, кој може да снима спектри од далечната инфрацрвена до видливата област. Можете да покренете нови модули ATR, Raman и NIR со притискање на копче, овозможувајќи пристап до овие техники без рачна промена на компонентите на системот.
Koрисни линкови: Вoдич за избор