Thermo Scientific™ microPHAZIR™ RX анализатор ги пренесува можностите на NIR спектроскопијата од лабораторија во складишта/магацини. Анализата/идентификацијата на суровини во фармацијата е критичен чекор во осигурувањето на квалитетот, кој има големо влијание врз безбедноста, како и брзината и трошоците на производство. Производителите на фармацевтски препарати можат да добијат поуздана верификација на идентитетот на материјалите на самото место за неколку секунди, сето тоа со помош на Thermo Scientific™ microPHAZIR™ XS анализаторот. Овој инструмент обезбедува преносив NIR алат за исполнување на регулаторните барања, подобрување на квалитетот на производот, намалување на трошоците за производство и намалување на ризикот во синџирот на снабдување.