Retsch нуди три модели машини за пресување примероци (преса) во вид на таблети со различни сили на притисок за подготовка на цврсти и мазни пелети погодни за XRF анализа. Цврстите, висококвалитетни пелети се важен предуслов за сигурна XRF анализа.
Модели
Преса PP 25
PP 25 е компактна стона единица за особено едноставна и безбедна работа. Со притисок од 25 t идеална е за подготовка на цврсти примероци за XRF анализа. Произведените таблети се со висок квалитет и се одликуваат со висок степен на стабилност. Притисокот на клипот може да се очита од јасно видлива скала на манометарот. Матриците за преса PP 25 се достапни во неколку дијаметри, а можат целосно да се отстранат.
Преса PP 35
PP 35 има поединечна регулација на сила на притисок во опсег од 0 до 35 t. PP 35 ги комбинира предноста на мал стоен модел со големи сили на притисок, кои автоматски се регулираат во до три чекори, обезбедувајќи дека дури и тешки материјали совршено се пресуваат.
Presa PP 40
PP 40 има поединечна регулација на сила на притисок во опсег од 5 до 40 t. Покрај контрола на сила на притисок, оваа машина исто така го контролира времето на траење на притисок, задржување и ослободување на сила за време на пресувањето. Ова ја намалува внатрешната напнатост во примерокот и обезбедува дека дури и тешки материјали успешно се пресуваат.