Комора со константна клима HPPeco

SKU: 2442

Комора со константна клима на производителот Memmert HPPeco овозможува максимална енергетска ефикасност во континуирана работа – дизајнирана да ги задоволи условите на стабилност според барањата ICH, тестови на стабилност за козметика и храна, како и испитување животна средина и тестирање материјали. Оваа моќна климатска комора поседува напредна Peltier технологија и има повеќе од заслужен „еко” епитет; во континуирана работа, работи околу 90% енергетски поефикасно од уреди ладени со компресор, не бара никакво разладно средство и според тоа е скоро без одржување. Контрола на температура од 0 ºC до +70 ºC и активно овлажнување и одвлажнување од 10% до 90% релативна влажност се компатибилни со барањата на тестовите за стабилност во фармацевтската индустрија (K1A). Поради својата тивка работа, компактната комора за константна клима е исто така погодна за одгледување инсекти или зебрици (zebra fish, вид риба). Достапна е во 7 големини (волумен од 108 до 2140 литри).

Достапно во земји :