Thermo Scientific™ EXTREVA™ ASE автоматизиран екстрактор со растворувач (Accelerated Solvent Extractor)

SKU: 14896

Автоматизирајте ја целата постапка за подготовка на примероци со помош на системот Thermo Scientific™ EXTREVA™ ASE™ за забрзана екстракција со растворувач. Системот Thermo Scientific™ EXTREVA™ ASE комбинира и автоматизира екстракција на примероци, чистење внатре во ќелија и испарување. Побрзата екстракција, со можност за паралелна екстракција на четири примероци, ја зголемува продуктивноста и ефикасноста на лабораторијата, додека патентираниот механизам на екстракција со помош на гас користи помалку растворувач и произведува помалку отпад.

Системот Thermo Scientific™ EXTREVA™ ASE ви овозможува лесно да ги подготвите вашите цврсти и полуцврсти примероци за GC, GC-MS и LC-MS анализи. Едноставно поставете ги ќелиите со примероци на сталак за екстракција, подесете ги саканите параметри на корисничкиот интерфејс и пуштете го системот да го изврши остатокот. По завршувањето на екстракцијата, системот Thermo Scientific™ EXTREVA™ ASE автоматски ги пренесува вашите примероци на карусел за испарување, елиминирајќи ја потребата за рачно пренесување на примероци и дополнителни инструменти за подготовка на примероци. Ниеден друг инструмент или рачна метода не го опфаќаат целиот процес без потреба за корисничка интеракција или пренос на примероци во текот на секој чекор. Системот Thermo Scientific™ EXTREVA™ ASE овозможува целосно независна операција во текот на целиот процес, правејќи го совршен партнер за вашите GC, GC-MS или LC-MS анализи.

За лаборатории кои екстрахираат цврсти или полуцврсти примероци, системот Thermo Scientific™ EXTREVA™ ASE е првата целосно автоматизирана платформа за подготовка на примероци (sample-to-vial решение). Вообичаените примени на системот Thermo Scientific™ EXTREVA™ ASE подразбираат подготовка на примероци за анализа на:

  •  Полициклични ароматични јаглеводороди (PAHs)
  •  Полихлорирани бифенили (PCBs)
  •  Диоксини
  •  Фурани
  •  Пестициди
  •  Содржина на масти во храна
  •  Extractables and Leachables (E&Ls) во биотерапевтски средства

Од заштита на животната средина, преку прехранбена, до фармацевтска и биотехнолошка индустрија, системот Thermo Scientific™ EXTREVA™ ASE може да се користи за подготовка на квалитетни примероци за GC и LC-MS анализи.

Достапно во земји :