BIOQUELL QUBE е модуларен изолатор кој има имплементирана најнова BIOQUELL технологија за декотаминација со пареи од водород пероксид. Со својот единствен дизајн, технички решенија и брзи декотаминациони циклуси, BIOQUELL QUBE овозможува висока продуктивност на работа во асептички услови. QUBE е достапен во прилагодливи конфигурации со 2, 4 или 6 ракави. QUBE обезбедува врвни предности, од материјалите (отпорен полипропилен наместо не’рѓосувачки челик) и конструкцијата па до брза вградба и имплементација – Изолаторот QUBE може да се произведе, инсталира и квалификува за максимално 12 недели. Идеален е за изведување на тестови на стерилност, производство во мали серии, генетска и клеточна терапија, подготовки и реконституција на цитостатици.