Thermo Scientific™ Aquilos™ 2 Крио-ФИБ е најновата генерација на крио-DualBeam системи, кој е посветен на подготовка на тенки ламели, транспарентни за електрони, за крио-електронска томографија со висока резолуција или MicroED микрокристали. Thermo Scientific Aquilos 2 Крио-ФИБ, овозможува автоматизација на чекорите за добивање ТЕМ ламели од повеќе зададени локации дефинирани преку софтвер. Подобрениот хардвер наменет за крио корисници овозможува подолго време на работа со исклучително ниска стапка на контаминација на примерокот. Откријте како најновата Thermo Scientific крио-ФИБ платформа овозможува одредување на структурата внатре во клетката. Томографијата на биомолекули во нивната клеточна средина бара високо прецизна подготовка на примерокот со крио-ФИБ, а тоа може да се постигне со информации од интегрираниот флуоресцентен микроскоп. Aquilos 2 Крио-ФИБ поседува Thermo Scientific™ iFLM™ Correlative System кој комбинира светлосна и електронска микроскопија. Ова ја елиминира потребата за пренесување на примерокот во друг систем и ви овозможува модерно решение со крио-корелација за крио-томографија. Интегрираниот флуоресцентен светлосен микроскоп (iFLM) Correlative System со флуоресценција ја локализира позицијата на местото од интерес внатре во комората, овозможувајќи ви да поврзете два модалитета на снимање во еден систем, со што се осигурува дека примерокот е на правата локација.
Корисни линкови: