Техниките на Thermo Scientific™ молекулска спектроскопија опфаќаат UV-Vis, FT-IR, FT-NIR, РАМАН, НМР, и флуориметрија. Овие инструменти овозможуваат квалитативна и квантитативна анализа на широк спектар на органски и неоргански соединенија во академски, аналитички, услужни, QC/QA и форензички лаборатории, како и во индустријата на полимери, фармацевтската и прехранбената индустрија, индустријата за пијалаци, но и за апликации поврзани со микропластика, наноматеријали и други од областа на науката за материјали.
Стоните и преносливи Pico-Spin НМР спектрометри овозможуваат едноставно следење на реакции без криогено ладење во QA и QC лабораториите во хемиското производство и во едукацијата по органска хемија. UV-Vis спектрофотометрите даваат одговор на сите предизвици во академските и индустриските лаборатории, било за потребите на фармацевтската, хемиската или индустријата за пијалаци, или пак услужните лаборатории, сè до посложените апликации како квантификација на ДНК, РНК и протеини во секунда користејќи само 1–2 µL примерок со помош на Thermo Scientific™ NanoDrop™ спектрофотометрите.
FT-IR спектрометрите се користат за квалитативна и квантитативна анализа на органски и неоргански примероци во академски, аналитички, QC/QA и форензички лаборатории. FTIR често се користи за тестирање на полимери и во фармацевтски анализи, но техниката нуди практично неограничени примени.
FT NIR техниката има широка примена во анализа и тестирање во индустријата на фармацевтски производи (воедначеност на содржина на таблети и премази, стабилност на лиофилизиран материјал, следење на процес, конзистентност на раствори за екструзија, следење на ферментација и клеточни култури), хемиската и индустријата на полимери (верификација на влезен материјал, униформност на смеси, анализа на адитиви, влага, мономери, следење на реакции, следење на процеси), и земјоделската и индустријата за храна (сурови земјоделски производи, мелење брашно, млечни производи, масло за јадење, шеќер и слатки, пијалаци).
Thermo Scientific™ DXR™ Раман спектрометрите и микроскопите ви овозможуваат да пристапите до вашите Раман податоци побрзо од кога било. Освен тоа, овие уреди наоѓаат примена во разни области: академски истражувања, форензика, гемологија, нанотехнологија, наука за материјали, геологија, life sciences и наука за биоматеријали, автомобилска и аеро индустрија, реставрација и конзервација на уметнички дела, како и во апликации кои вклучуваат фармацевтски производи, полимери, микропластика, електроника, складирање на енергија и козметика.
Апликации во молекулска спектроскопија
SKU: 10969
Достапно во земји :
FT-IR: FTIR идентификација на контаминанти со помош на Thermo Scientific™ OMNIC Specta™ софтвер
FT-IR: Карактеризација на полиморфизам со помош на Thermo Scientific™ Nicolet™ iS™ 50 Раман модул
FT-IR: Thermo Scientific OMNIC Specta софтвер
FT-IR: Thermo Scientific Nicolet iS50 FT-IR спектрометар: Подобрување на продуктивноста преку компактна автоматизација
FT-IR: Мерење на дисперзирано масло во вода со метод на инфрацрвена анализа
FT-IR: Истражување на аномалии на пластични делови
FT-IR: Анализа на автомобилски бои со проширен опсег ATR: 1800–100 cm-1
UV-VIS: Едноставни решенија за РНК и ДНК квантификација
НМР: Определување на содржина на водород со помош на picoSpin НМР
FT-NIR: Решавање на секундарна структура на протеини со користење на FTIR спектроскопија
FT-NIR: Водич за анализа на суровини со користење на Фуриеова трансформација блиска инфрацрвена спектроскопија
FT-NIR: Анализа на компоненти на пиво со користење на FT-NIR спектроскопија
FT-NIR: Брза анализа на повеќе компоненти во тутун со помош на Antaris II FT-NIR анализатор
Раман: Карактеризација на графен со помош на Раманска спектроскопија
Раман: Карактеризација на аморфен и микрокристален силициум со примена на Раманска спектроскопија
Раман: Микроскопско мапирање на формулирани фармацевтски примероци со користење на дисперзивна Раманова техника
Микропластика во флаширана вода
UV-VIS: Концентрација на D-глукоза во пијалаци
UV-VIS: Vis и UV-Vis спектроскопски решенија за индустриски лаборатории
UV-VIS: NanoDrop, Квантификација на протеински и пептидни препарати на 205 nm
UV-VIS: Спектрофотометриска анализа на Ибупрофен според USP и EP монографии
UV-VIS: Определување на вкупна концентрација на протеини
UV-VIS: NanoDrop, UV-Vis хемометриска анализа на азо боја со користење на NanoDrop QC софтвер