Amtax sc дигиталниот процесен анализатор на компанијата Hach со гасно-селективна електрода е дизајниран за високо прецизно определување на концентрацијата на амониум директно во резервоарот. Овој анализатор нуди висок степен на точност благодарение на селективната GSE инструментација и бара минимален надзор заради автоматското чистење, калибрација и самопроверка. Amtax sc процесните анализатори се идеални за вградба директно на работ на резервоарот. Покрај тоа, достапни се со куќиште отпорно на неповолни временски услови за поставување на отворено или опционо со провидни врати за поставување во затворен простор. Лесен пристап до реагенсите и трошечките делови.